Home пита Битолска кокмишка – стар домашен рецепт за мека кисната погача со урда...

Битолска кокмишка – стар домашен рецепт за мека кисната погача со урда и путер

домашна лисната пита

Стар битолски рецепт за кокмишка: Домашна кисната погача со совршени слоеви

Постојат рецепти што не се забораваат, а битолската кокмишка е токму еден од нив. Миризлива, мека и богата со слоеви, оваа традиционална кисната погача со урда и путер е вистинска милина и за очите и за стомакот.

Совршена е за семеен појадок, празнична трпеза или топла домашна вечера.

Комбинацијата од меко тесто, растопен путер и крцкав сусам создава вкус кој потсетува на старите домашни рецепти што се пренесуваат со генерации, пишува НМД. Еве што ви ен потребно:

домашна лисната пита

Потребни состојки:

* 1 кг брашно
* 500 мл млака вода
* 1 коцка свеж квасец
* 1 мало лажиче шеќер
* 1 мало лажиче сол
* ½ филџан масло
* путер за премачкување
* урда по потреба
* сусам за наросување
* НМД

домашна лисната пита
Фото и рецепт: Елена Ангелевска
домашна лисната пита
Фото и рецепт: Елена Ангелевска

Постапка:

Во длабок сад сипете ја млаката вода, додајте ги шеќерот и квасецот, па промешајте додека целосно да се растопат.

Потоа додајте ги маслото, солта и постепено додавајте го брашното. Замесете меко и мазно тесто. Покријте го и оставете го на топло место додека убаво да надојде.

Откако тестото ќе го зголеми волуменот, кратко премесете го и поделете го на 10 еднакви топчиња.

Земете го првото топче и развлечете кора со големина на тепсијата. Премачкајте ја со растопен путер и наросете урда.

Истата постапка повторете ја и со следните осум кори – секоја кора премачкувајте ја со путер и наросувајте урда.

Десеттото топче развлечете го и ставете го најгоре без фил.

Погачата исечете ја на парчиња по желба, покријте ја и оставете ја повторно да надојде.

Пред печење прелијте ја со растопен путер и наросете сусам.

Печете во претходно загреана рерна на 220 до 200 степени околу 30 минути, односно додека убаво да зарумени.

Послужете ја топла, со јогурт, сирење или сезонска салата.

Совети за подобар резултат:

* За уште помека структура користете квалитетно брашно за киснати теста.

* Путерот дава побогат вкус и мирис, но може да комбинирате и со малку масло.

* Урда со покремаста текстура создава посочна и помека погача.

* Одличен избор е и за свечени трпези, семејни собири и домашен појадок.