Домаќински појадок: Најмеката проја со сирење што ќе ја пробате
Сочна и мека проја: Брз рецепт со мерки на чаша
Домаќинска проја за 10-ка: 2 проверени рецепти за мека, сочна и вкусна проја како душа
Домашната проја е едно од оние јадења што секогаш враќаат убави спомени и создаваат чувство на вистинска домаќинска трпеза.
Во продолжение ви пренесуваме два одлични рецепти за мека, сочна и вкусна проја со сирење – идеални за појадок, вечера или како заситно предјадење со чаша јогурт или кисело млеко.
Првиот рецепт се подготвува многу брзо и лесно, со практични мерки на чаша, додека вториот рецепт за пројара е старински и особено воздушест, а читателите ќе можат да погледнат и видео прилог за постапката на подготовка.

РЕЦЕПТ 1 – Брза домашна проја со сирење
Потребни состојки:
* 6 јајца
* 2 чаши кисело млеко
* 2 чаши млеко
* 2 чаши палента
* 2 чаши брашно
* 1 чаша масло
* 2 кесички прашок за печиво
* 2 рамни лажички сол
* 600 г сирење
РЕЦЕПТ 2 – Старинска пројара со сирење, мека и воздушеста
Потребни состојки:
* 4 јајца
* 200 мл млеко
* 200 мл масло
* 400 г пченкарно брашно
* 14 г прашок за печиво
* 1 лажичка сол
* 200 мл газирана вода
* 250 г павлака или кисело млеко
* 8 лажици бело брашно
* 250 г младо несолено сирење
Постапка за рецепт 1
Во подлабок сад изматете ги јајцата со миксер додека да станат пенасти. Додајте го киселото млеко и продолжете со матење на помала брзина.
Потоа сипете го млекото и постепено додајте ги палентата, брашното, маслото, прашокот за печиво и солта. Матете кратко додека да добиете изедначена смеса без грутчиња.

Со рака издробете го сирењето, па додајте го во смесата и промешајте со лажица.
Тепсија со пречник од околу 30 см намастете ја и наросете ја со малку брашно. Сипете ја смесата и израмнете.
Печете во претходно загреана рерна:
* 10 минути на 220 степени
* потоа уште околу 30 минути на 180 степени
Кога пројата ќе добие убава златножолта боја, извадете ја од рерна и оставете кратко да подизлади пред сечење.
Постапка за рецепт 2
Одделете ги белките од жолчките. Со миксер изматете ги белките додека да добиете цврста пенаста структура, а потоа додајте ги жолчките.
Сипете ги млекото и маслото, па додајте ги пченкарното брашно, прашокот за печиво и солта. Промешајте, па додајте ја газираната вода.

Потоа додајте ја павлаката и издробеното младо сирење. Постепено додавајте го белото брашно додека да добиете малку поретка смеса.
Смесата сипете ја во намастен плех со димензии приближно 30х40 см. По желба, одозгора може да наросите уште малку сирење.
Печете:
* првите 10 минути на 200 степени
* потоа намалете на 180 степени и печете уште 20-25 минути
Пројарата треба да остане мека, сочна и воздушеста дури и следниот ден.
За овој рецепт читателите можат да погледнат и видео прилог со детална постапка на подготовка – ОВДЕ:





































