Колач од кокос без пченично брашно
Овој колач од кокос, познат и како кокада, е совршен избор за оние што сакаат вкусен и едноставен десерт без пченично брашно.
Се подготвува брзо, не бара миксер или блендер, а резултатот е мек, сочен колач со богат вкус на кокос. Идеален е за уживање во секоја прилика, особено за љубителите на кокос, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
– 3 јајца
– Неколку капки ванила (по желба)
– 395 г кондензирано млеко (1 конзерва)
– Прстофат сол
– 150 г рендан кокос (кокосови снегулки)
– 200 мл кокосово млеко (или обично)
– 120 г пченкарен скроб (1 чаша од 240 мл)
– 16 г прашок за пециво (1 лажица)
– НМД
*Ако немате кондензирано млеко, истото можете да го направите за 5 минути според рецептот ОВДЕ:
Кондензирано млеко кое се приготвува за 5 минути, а по вкус потсетува на белиот еурокрем

Постапка:
1. Во длабок сад ставете ги јајцата и изматете ги добро со жица за матење. По желба, додајте неколку капки ванила за да се неутрализира мирисот на јајцата. Матете додека смесата стане хомогена.
2. Додајте го кондензираното млеко и прстофат сол, па продолжете да матите додека сите состојки добро не се соединат.
3. Вметајте го кокосот (рендан или во листови) и кокосовото млеко. Мешајте додека смесата стане еднаква.
4. Постепено додајте го пченкарниот скроб и мешајте додека да се добие мазна текстура без грутки.
5. На крај, додајте го прашокот за печиво и внимателно промешајте за да се распредели рамномерно.
6. Подгответе плех за печење (димензии приближно 18 x 28 cm) со тоа што ќе го премачкате со маргарин и ќе го посипете со пченкарен скроб. Истурете ја смесата во плехот и рамномерно распоредете ја.
7. Печете во претходно загреана рерна на 180°C околу 35 минути. Времето на печење може да варира во зависност од рерната, па проверете дали колачот е готов со чепкалка – ако излезе сува, колачот е печен.
8. Откако ќе се испече, оставете го колачот да се излади околу 15 минути пред да го исечете. Сервирајте го млако или на собна температура.
Овој колач има мека и сочна текстура, со интензивен вкус на кокос, што го прави вистинско уживање за сетилата. Уживајте! Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:





































