Home Посно јадење Пикантна симфонија од пиперки и домати…ПОСНА ДОМАШНА МАНЏИЧКА…Прсти да излижеш!

Пикантна симфонија од пиперки и домати…ПОСНА ДОМАШНА МАНЏИЧКА…Прсти да излижеш!

Фото и рецепт на Анка Колева

Пикантна симфонија од пиперки и домати…ПОСНА ДОМАШНА МАНЏИЧКА…Прсти да излижеш!

Ова јадење е вистинска прослава на летните вкусови, каде што печените пиперки и зрелите домати се спојуваат во едноставна, но неодолива комбинација.

Со додаток на ароматични зачини и свежи билки, оваа гозба носи топлина и утеха на секоја трпеза, пишува НМД.

Фото и рецепт на Анка Колева

Во различни краишта на Балканот, ова јадење може да се сретне под имиња како „лутеница на тава“, „печени пиперки во сос“ или едноставно „домашна манџа“.

Без разлика на името, вкусот е секогаш препознатлив и обожаван, а рецептот на Анка Колева додава личен печат со својата едноставност и срдечност. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

– 6-8 средно големи пиперки (по можност меснати)
– 1 главица кромид
– 1 врзоп млад, зелен кромид
– 4 чешниња лук
– 1 мало луто пиперче (по желба)
– 1 конзерва домати (околу 400 г)
– 1 лажичка црвен пипер
– 1 лажичка брашно
– 1/2 чаша вода
– 1/2 лажичка шеќер
– Сол по вкус
– Малку чубрица зачин
– Свеж магданос (една рака, ситно исечкан)
– Масло за пржење
– НМД

Корисни алатки:

Миксер за тесто, цена ОВДЕ. Комплет сад со алатки за тесто, цена ОВДЕ. Миксер, цена – ОВДЕ. Кујнска вага, цена ОВДЕ. Калап за печење, цена ОВДЕ. Калап за ферментирање тесто, цена ОВДЕ.

Огноотпорни ракавици и силиконски кујнски алат, цена ОВДЕ. Силиконска шпатула, цена ОВДЕ. Нелепливи калапи за печење леб, цена ОВДЕ. Метално тенџере со капак, голем капацитет, цена ОВДЕ.

Кујнски крпи, цена ОВДЕ. Садови со капаци во разна големина, цена ОВДЕ. Нелепливи 3 силикони, цена ОВДЕ. Кутија за колачи, цена ОВДЕ. Жица за матење, цена ОВДЕ. Нож за сечење леб, цена ОВДЕ.

Постапка:

Испечете ги пиперките на рингла, во рерна или на скара додека лушпата ма да зацрни.

Ставете ги во сад, покријте ги и оставете ги да отстојат 10-15 минути, па потоа излупете ги и исечете ги на ленти или парчиња, а можете да ги оставите цели, исчистени од семето.

Во тава на среден оган загрејте малку масло. Додајте ги ситно исечканите кромид и лук. Пржете додека де замирисаат и де омекнат, но внимавајте да не загорат.

Во тавата сипете ги печените пиперки и кратко пропржете ги за да ги впијат аромите. Додајте го и ситно исечканото луто пиперче за дополнителен шмек (ако сакате пикантно).

Истурете ја конзервата домати во тавата, зачинете со сол по вкус, црвен пипер, брашно и шеќер. Додајте ја водата и добро измешајте за да се соедини брашното и да се добие мазен сос.

Оставете ја смесата да врие на тивок оган, мешајќи повремено, додека сосот да се згусне до посакуваната густина (околу 15-20 минути).

Пред крај, додајте малку чубрица и ситно исечкан свеж магданос. Промешајте и оставете уште 1-2 минути на оган. Послужете со домашно лепче.