Потребни состојки:

1 кг компири

1 врзоп моркови

1 целер

1 келераба

2 тиквички

сол, обична и малку крупна, морска сол

црн пипер, магдонос, по желба вегета

масло

Постапка:

Целиот зеленчук убаво измијте го и исчистете го, па исечкајте го на коцки (освен морковот кој го сечам на тркалца). Измиениот зеленчук чувајте го во вода додека да го исечкате.

Кога ќе го исечкате зеленчукот, посолете го, запиперете, додадете свежи или сув магдонос, и ако сакате додадете мешан сув зеленчук (вегета).

Прелијте го со масло и убаво измешајте го.

Во тепсијата ставете хартија за печење и премачкајте со малку масло, за да не се залепи зеленчукот за хартијата. Распоредете го зеленчукот, прелијте со остатокот од маслото што се исцедило во садот и ставете да се пече на 200 степени додека да омекне и фати коричка. Пред крајот вклучете на 250 степени и вклучете го вентилаторот за да добие боичка и да испарат течностите.

Вадете со решеткаста лажица, сервирајте со освежителен прилог и уживајте.