Брза ПЛАЗМА СТРАЧАТЕЛА торта…Лесно се прави, брзо се јаде…Спас за секоја домаќинка…
Плазма – страчатела торта е една вистинска лесна торта, како за приготвување, така и по вкус. Може да изедете едно убаво, големо парче и нема да ви се слоши.
Се приготвува многу едноставно. Не грижете се за желатинот (за оние кои првпат се среќаваат или претходно имале лошо искуство):
Само следете го упатството и нема да промашите. Се приготвува навистина брзо, но потребно е на повеќе наврати да се лади тортата, па не е од оние торти кои се прават половина час пред да ви дојдат гости.
Рецепт и видео презентација на Домашни Рецепти.
За да ја приготвите оваа страчатела торта ќе ви бидат потребни следните состојки:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 литар млеко,
200 мл вода,
3 кесички говедски желатин во гранули,
200 г шеќер,
500 мл слатка павлака,
300 г плазма бисквити цели парчиња,
100 г млечно чоколадо,
100 г бело чоколадо или по избор (јас користев еуроблок и вкусот беше одличен).
Постапка:
Во еден сад измешајте ги млекото и водата, одземете 100-150 мл течност во друг сад. Остатокот ставете го на оган, додајте шеќер и оставете да проврие. Во помалиот сад со одземената течност ставете го желатинот и оставете го да набабри и да се стегне.
Кога млекото ќе проврие и желатинот зацврсти, тргнете го од оган, па земете 100 мл врело млеко и додајте го во желатинот. Убаво промешајте за да се растопат гранулите. Кога убаво ќе се изедначи, желатинот полека истурете го во млекото и шеќерот.
Добро промешајте и оставете да излади до собна температура, а потоа ставете го во фрижидер околу еден час или два, зависи колку време имате на располагање.
Кога смесата во фрижидер убаво се стегнала извадете ја. Во еден голем сад (навистина поголем сад) изматете 400 мл слатка павлака како шлаг, па додајте го стегнатот желатин и повторно изматете за да се соединат.
Добиениот крем поделете го на да дела: во едниот дел додајте рендано или ситно сечкано чоколадо, и бело и млечно, а во вториот дел само кршени бисквити. Убаво промешајте.
Во калап 25-28 см обложен со проѕирна фолија или со кеса чии краеви излегуваат надвор, ставете го прво делот со бисквити, па чоколадниот дел.
Прекријте со фолија и оставете ја тортата во фрижидер да отстои преку цела ноќ. Следниот ден свртете ја на тацна, тргнете ја кесата и повторно свртете ја на друга тацна.
Декорирајте по желба со преостанатите 100 мл слатка павлака и малку рендано чоколадо одозгора. Сите детали од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.