БРЗА И ВКУСНА БАКЛАВА БЕЗ КОРИ…Сочна, се топи во уста…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл и мала чајна чаша од 120 мл):
125 г путер/маргарин на собна Т
1 мала чајна чаша шеќер во прав
3 супени лажици гриз
1/2 мала чајна чаша масло
2 јајца (1 белка тргнете за подоцна)
1 кесичка ванилин шеќер
1 кесичка прашок за печиво
2 1/2 чаши брашно
1 мала чајна чаша ситно сечкани фстаци/ореви..
пропжен кадаиф за валање
За шербет 10 минути варете:
3 чаши вода
3 чаши шеќер
1 парче лимон
ПОСТАПКА:
Најпрво сварете го шербетот и оставете да се олади. Во подлабок сад измешајте: путер, шеќер, гриз, масло, 1 јајце + 1 жолчка, ванила и прашок за печиво. Со постепно додавање на брашното замесете меко тесто кое лесно се обликува со рака.
Во тестото сипете ги фстаците или оревите и продолжете со месење додека да се соединат. Потоа обликувајте ролат, поделете го на мали делови и со дланките валајте долгнавести ролати (според должината на садот во кој ќе ги печете).
Јас добив 7 ролати со приближно еднаква дебелина и должина. Премачкјате ги ролатите со белка од јајце, од горна и долна страна, па валајте ги иситнет и пропржен кадаиф. Наредете ги во плех и исечете ги на помали парчиња.
Печете ги 25 минути во загреана рерна на 180 степени или додека да заруменат. Топлата баклава рамномерно полијте ја со оладениот шербет. Постапката погледнете ја ОВДЕ:
https://youtu.be/PiC6LHOE_y4?si=827fAOrMKrGU-1yP