ЛОСОС ВО ПУТЕР И ЛУК…Ова е највкусно приготвената риба, рецепт кој вреди да си го запишете…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
5 филети лосос
4 лажици путер
Зачини (по 1 лажичка): црвен и пипер, лук и кромид во прав, зачинска сол, сув магдонос и мајчина душичка, 1/2 лажичка црн пипер
1 лимон – сок
1 лажица мелен лук
1 лажичка сув булјон или зачин по вкус
2 лажици ситно сечкан свеж магдонос
2-3 лажици вода или булјон
ПОСТАПКА:
Исечете го лососот на еднакви парчиња и добро исушете го со хартиена салветка. Потоа намастете го секое парче и убаво зачинете го со мешавината од зачини.
Во тава растопете го путерот, па испржете ја рибата на умерена температура по 5 минути од секоја страна (превртете ја само еднаш, кога убаво ќе се карамелизира од едната страна). Извадете ја рибата во чинија.
Во истиот путер (оттурете малку да не е многу маснотија) пропржете го мелениот лук 15-тина секунди, додајте зачин по вкус, па лимоновиот сок и ситно сечканиот магдонос и пржете 10-тина секунди.
Додајте малку течнос (вода или булјон), па вратете ја пржената риба, подигнете ја тавата под агол и полевајте ја кратко со сосот за да го впие рамномерно. Послужете ја со прилог по вкус. Постапката погледнете ја ОВДЕ: