РЕЦЕПТ ЗА РУСКА САЛАТА…Проверено добра, како прилог или самостоен оброк, многу вкусна…
Една од најубавите салати која задолжително се подготвува секоја година за празници, свечени пригоди, а особено за Нова година. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
400 г компири, сечкани на коцки
120 г морков, сечкан на коцки
150 г варен грашок
150 г варена пченка во зрно
150 г кисело краставички, сечкани на коцки
3 варени јајца, сечкани на коцкички
6 лажици кисела павлака
4 лажици мајонез
1 лажичка сол
црн пипер по вкус
ПОСНА РУСКА САЛАТА прочитајте ОВДЕ.
Оригинален рецепт за РУСКА САЛАТА прочитајте ОВДЕ.
1 состојка не ставајте во руската салата за да има подолг рок на траење – рецепт прочитајте ОВДЕ.
ПОСТАПКА:
Компирот, морковот и грашокот варете ги заедно 13 минути. Јајцата варете ги 10 минути. Во сад измешајте го варениот и процеден зеленчук со пченката, киселите краставички, јајцата, павлаката и мајонезот.
Соединете, зачинете по вкус и оладете 2 часа во фрижидер пред послужување. Постапката погледнете ја ОВДЕ:
https://youtu.be/bctH0HQdW6w?si=zzfyMpLIIWuM2CoH