ДУБАИ БАКЛАВА ЗА 15 МИНУТИ…Со кадаиф и крем од ф’стаци, нов вкус на овогодишната трпеза и сите беа воодушевени…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
500 г готови кори
200 г кадаиф (иситнет со раце)
1 лажица шеќер во прав
180 г крем од фстаци на собна Т
50 г путер или маргарин на собна Т
100 г ситно сечкани фстаци (може и повеќе)
250 г чоколадо за готвење + малку масло
растопен путер за премачкување на корите
*Ако сакате посочна баклава, тогаш пред да ја натопувате во чоколадо, претходно кратко натопете ја во сируп подготвен исто како и за класичната баклава од вода, шеќер и малку лимон.
*Исто така, сакам да нагласам дека не треба да се пече подолго од 15 минути. Штом краевите заруменат, баклавата е готова.
Дубаи чоколадо – рецепт прочитајте ОВДЕ
Дубаи палачинки – рецепт прочитајте ОВДЕ.
Дубаи торта 1 – рецепт прочитајте ОВДЕ.
Дубаи торта 2 – рецепт прочитајте ОВДЕ.
ПОСТАПКА:
Во соодветен сад измешајте го кадаифот со путер, шеќер во прав, крем од фстак и фстаци. Ставете 2 кори една врз друга и секоја премачкјате ја со растопен путер. Исечете ленти со широчина од приближно 4 см.
На краевите од секоја лента ставете фил, па цик-цак свиткајте во триаголник. Постапката повторете ја додека да го потрошите материјалот.
Триаголните баклави наредете ги во намастен плех, одозгора премачкјате ги со растопен путер и печете 15 минути во загреана рерна на 220 степени. Печените баклави спуштајте ги во растопено чоколадо и оставете ги на решетка да се стврднат.
Декорирајте ги со ситно сечкани фстаци. Постапката погледнете ја ОВДЕ: