ПОСНИ КРОФНИ БЕЗ ЈАЈЦА И МЛЕКО…Толку се мекички, се топат во уста…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
400 мл млака вода
10 г сув квасец
3 лажици шеќер
50 мл масло
рендана кора од 1 лимон
20 г ванилин шеќер
600 г брашно
шеќер во прав за посипување
ПОСТАПКА:
Растворете ги шеќерот и квасецот во топла вода, па оставете 10-тина минути да се активира. Додајте ванилин шеќер, масло и ситно рендана кора од лимон. На крај постепено додајте го брашното и мешајте со лажица.
Тестото е меко и лепливо. Покријте го со фолија и оставете го околу 1 час да ферментира додека убаво да го зголеми волуменот. Истресете го на набрашнета површина и премесете го.
Развлечете го со оклагија во кора со дебелина од 1 см, па со набрашнета чаша вадете тркалца и редете ги врз набрашнет послужавник. Остатокот од тестото повторно премесете го и повторете ја постапката додека целото да се потроши.
Крофничките прекријте ги со крпа и оставете ги да ферментираат 15-тина минути за малку да нараснат. Загрејте длабоко масло на умерена температура, па спуштајте ги крофничките со горната страна да биде долу.
Штом заруменат од едната страна, превртете ги и пржете ги уште неколку минути од другата страна. Вадете ги со решеткава лажица и по желба посипете ги со шеќер во прав. Постапката погледнете ја ОВДЕ:
Посни крофни: воздушести, шупливи, меки, се топат во уста, од нив цела улица мириса прекрасно
НАЈДОБРОТО ТЕСТО ЗА ПОСНИ КРОФНИ: Меки како пена или како што вели син ми…КАКО ОБЛАЧИЊА!