ЧОКО МОКО ТОРТА…Вистински избор за сите љубители на чоколадо и кремасти десерти…
Совршена комбинација на текстури и вкусови која ќе стане вистински хит на секоја маса. Идеален за сите прилики, од роденденски прослави до семејна забава. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 пакување темна кора за колачи
800 г кисела павлака
150 г шеќер во прав
350 г мелена плазма
500 г шлаг
600 мл газирана вода
600 мл чоколадно млеко
ПОСТАПКА:
Се матат павлаката, шеќерот во прав и мелената плазма додека да се добие мазна смеса. Во филот додајте 5 лажици шлаг и внимателно измешајте да се соедини.
Секоја кора натопете ја со 200 мл чоколадно млеко за да станат сочни и полни со чоколаден вкус. Наредете ја тортата по следниот редослед: кора – фил – шлаг.
Повторете ја оваа низа додека да се потрошат сите кори и фил. Завршете со слој шлаг врз тортата. Украсете ја тортата по желба, користејќи шлаг, чоколадни парчиња или други украси.
Оставете го колачот добро да се излади во фрижидер најмалку 2 часа пред да го послужите за да се спојат сите вкусови.
ЧОКО МОКО торта, неодоливо вкусна, во кремот додајте 1 состојка која менува сѐ
ЧОКО-МОКО ЗА 15 МИНУТИ: Едноставна торта која на сите им е омилена, се прави со готови кори