НАЈНОВИОТ ХИТ…ДУБАИ ТОРТАТА ја направив и јас во домашна и поекономична варијанта…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
2 јајца
100 г шеќер
10 г ванилин шеќер
100 мл млеко
100 мл масло
2 лажици какао
14 лажици брашно (180 г)
12 г прашок за печиво
150 мл млеко за натопување на корите
За фил:
150 г кадаиф + 40 г путер
3 лажици крем од ф’стаци
За глазура растопете:
200 г чоколадо за готвење
50 мл слатка павлака (хопла)
бело чоколадо за декорација
ПОСТАПКА:
Со жица соединете ги јајцата со шеќер и ванила, па додајте млеко и масло. Промешајте па додајте просеано какао, брашно и прашок за печиво. Смесата треба да биде хомогена и без грутчиња.
Сипете ја во калап 15х25 см намастен со путер и печете 25 минути во загреана рерна на 180 степени. Оставете да се олади врз решетка или десертна тацна, а потоа пресечете го на две тенки кори.
Кадаифот истинете го и запржете го со путерот, на тивок оган додека да позлати. Оставете малку да подизлади, па додајте го кремот од фстаци.
РЕДЕЊЕ: кора натопена со млеко, фил од кадаиф и фстак, кора натопена со млеко, глазура (растопете го чоколадото и помешајте го со павлаката). Оставете 5 минути да се стегне во фрижидер.
Видеото можете да го погледнете ОВДЕ:
https://youtu.be/j0q5yWrJeUM?si=3NuA6oaHJf5t5OOV
ДУБАИ ПАЛАЧИНКИ…Мислам дека кога еднаш ги пробав нив, нема да им се вратам на старите…
Направете го највкусното чоколадо на светот…ДУБАИ ЧОКОЛАДО…домашно и поевтино од купечкото…