СУСАМ ТОПЧИЊА…Нивниот вкус е толку неодолив и заpазен што колку и да направам, никогаш не се доволно…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

250 г путер на собна температура
100 мл масло
2 белки
3 супени лажици шеќер во прав
1 лажица масло шеќер
1 лажиче сол / со врв /
1 кесичка прашок за печиво / 15 г /
4 лажици црн сусам
4 лажици печен сусам
околу 550 г брашно

И уште:
2 жолчки за премачкување
сусам и црн сусам за посипување

ПОСТАПКА:

Соединете го путерот со маслото, а потоа додајте ги останатите состојки и промешајте. На крај додајте го брашното помешано со прашокот за печиво и замесете меко, компактно тесто кое лесно се обликува со рака.

Вклучете ја рерната да се загрева на 180 степени. Од тестото формирајте многу мали топчиња, доволни за еден залак. Наредете ги во плех обложен со хартија за печење, премачкјате ги со жолчка од јајце и посипете со сусам.

Печете ги во загреаната рерна додека жолчката добие убава окер-кафеава боја. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://www.facebook.com/reel/8584630691572553