Кремаст посен колач…Најубавиот десерт со кој често се засладуваме…Сите го бараат овој рецепт…Еве што ви е потребно:

За бисквит:

200 мл газирана вода
7 лажици брашно
3 лажици шеќер (по вкус може и повеќе)
1 лажица џем
5 лажици посни мелени бисквити
3 лажици мелени ореви
2 супени лажици маслиново масло
1 лажица какао
1/2 прашок за печиво

За фил:

100 г посен маргарин
3 лажици шеќер во прав (може и повеќе)
100 г мелени бисквити
50 г мелени ореви
50 г стопена чоколада
100 мл сок од портокал
екстракт по желба

За глазура:
100 г чоколадо
2 лажици масло

ПОСТАПКА:

Просејте го брашното и прашокот за печиво, додајте шеќер, џем, бисквити и мелени ореви и масло и сè соединете. Смесата сипете ја во плех од 20 x 20 см обложен со хартија за печење и печете во загреана рерна на 180 степени 30-40 минути.

Во меѓувреме подгответе го кремот – филот. Посниот маргарин пенасто изматете го со шеќерот во прав додека да стане кремаст.

Во сад измешајте ги бисквитите, стопеното чоколадо и измешајте. Додајте во маргаринот и соединете со миксер. Испечениот бисквит изладете го и премачкајте го со кремот. Одозгора сипете ја глазурата од растопено чоколадо..

Постапката можете да ја погледнете ОВДЕ: