Многу ги сакам ЕКЛЕРИТЕ…Овој рецепт го имам направено многупати и секогаш е успешен…

Не знам за вас, но јас навистина сакам еклери…Овој рецепт го имам направено неколкупати и е многу успешен. Еве што ви е потребно според рецептот на Филка Димитрова:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

250 мл вода,
1/4 лажиче сол,
2 лажици шеќер и
120 г путер се ставаат да зовријат.

Потоа со постојано мешање сипете 180 г брашно.

Треба да добиете компактно тесто кое на дното од тенџерето оставам тенка „мат“ трага. Претурете го во друг сад и малку раширете го за побрзо да се олади, па едно по едно додајте 4 јајца.

Мали домашни еклери, многу добар рецепт – колачите се лапни голтни

Добро изматете со миксер. Тестото претурете го во готварска кеса со продолжеток по желба и истиснувајте форми во плех обложен со хартија. Можете да црпите и со лажица.

Печете ги во претходно загреана рерна на 180 степени со вентилатор 25-30 минути (или без). Првите 20 минути не отворајте ја рерната за да не ви спласнат колачите.

За кремот:

800 мл свежо млеко,
8 лажици шеќер,
2 ванилин шеќер (овој пат додадов 1 лажичка екстракт од ванила) и
60 г путер се ставаат да зовријат.

Посебно се мати со миксер:

200 мл млеко,
2 јајца и
6 лажици брашно.

МИНИ ЕКЛЕРИ – УБЕДЛИВО НАЈДОБРИОТ РЕЦЕПТ! Секогаш успеваат со овој метод, вкусни лапни-голтни, полни со крем…

Откако ќе зоврие млекото со шеќерот, полека додајте ја смесата со јајцата постојано мешајќи. Кога ќе згусне тргнете настрана да се олади. Еклерите и кремот мора да бидат ладни кога ќе ги филувате. Од Филка Димитрова