Тутманик, душа мек како памук со крцкава коричка… Според рецептот на Вале Ангелова. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
300 мл топло млеко
100 мл топла вода
11 г сув квасец
1 лажица шеќер
1 лажичка сол
100 мл масло
3 јајца од кои едното е за
премачкување на тутманикот
путер омекнат на собна Т за подмачкување на корите
900 г брашно
400 г ситно сирење, а може и повеќе
ПОСТАПКА:
Во подлабок сад измешајте ги влажните состојки со шеќерот и солта, а потоа со додавање на брашното замесете меко, еластично тесто. Покријте го и оставете го на топло место да ферментира додека убаво да го згоелми волуменот.
Стасаното тесто поделете го на 4 еднакви делови/ 4 еднакви топчиња. Секое топче развлечете го во правоаголник. Кората преку цела површина премачкјате ја со путер на собна температура и посипете ја со сирење.
Свиткајте во ролат и засечете го накосо на еднакви парчиња, но не до крај. Со дрвено стапче притиснете во средината од секое парче за да се испакнат пресечените делови. Потоа свиткајте во полжав и ставете во тепсија 32 см обложена со хартија.
Следниот ролат надоврзете го на претходниот за да се исполни тепсијата. Премачкајте со јајце и оставете на топло да ферментира малку да порасне, па ставете да се пече во добро загреана рерна на 180 степени додека убаво да зарумени.