Неверојатно вкусна САЛАТА-ОБРОК со лук за вечера или прилог со некое јадење….Еве што ви е потребно за оваа вкусна салата:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

5-6 чешниња лук, рендани
50 г рендан кашкавал
50 г рендано сирење
2 варени јајца, рендани
150 г кисела павлака
сол, црн пипер
1 лажичка кари
1 рака ситно сечкан магдонос

ПОСТАПКА:

Сите состојки се мешаат добро за да се изедначи смесата. Се компинира со салата од печени пиперки со ситно сечкано лукче, сол, масло оцет и кисели краставички. Рецепт и фото на Евгенија Русева.

Многу вкусна салата со варени јајца…Може да биде и брз оброк, зашто полна е со протеини…