Наполеонова торта за 15 минути…Никогаш полесно, никогаш повкусно!
Торта „Наполеон“ за 15 минути…Ништо слично не сум видела ниту вкусила претходно…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
4 јајца
200 г шеќер
60 г брашно
60 г скроб/нишесте/густин
10 г ванилин шеќер
1 литар млеко
100 г путер
250 г шлаг
800 г лиснато тесто
120 г кандирани кајсии
120 г кандирана брусница
плех 30х40 см
Се пече на 180°C/15 минути
ПОСТАПКА:
НАПОЛЕОН ТОРТА НА МАЛКУ ПОИНАКОВ НАЧИН: брза, а толку многу вкусна, се топи во уста
Соединете ги јајцата со шеќерот, брашното и густинот, па постепено додајте го млекото и варете со непрекинато мешање додека да згусне. Додајте путер да се растопи и соедини па оставете да се олади.
Потоа пенасто изматете го кремот со миксер. Настрана изматете го шлагот, па постепено соединете го со кремот.
Лиснатото тесто исечете го на ленти со должина на калапот, широки 1-2 см, па испечете ги 15 минути во загреана рерна на 180 степени.
РЕДЕЊЕ: крем, печено лиснато тесто, крем, кандирано овошје, печено лиснато тесто, крем, кандирано овошје, печено лиснато тесто, крем.
Оставете во фрижидер да се олади и стегне најмалку 2 часа. Премачкјате ја целата торта со преостанатиот крем и декорирајте со трошки од печено лиснато тесто. Постапката погледнете ја ОВДЕ: