ПОСНИ МЕКИЦИ ТЕГАНИЦИ…Само вода и брашно, проверен рецепт!

Домашните мекици или теганици се многу вкусни теста, а се приготвуваат без јајца и млеко, па доколку постите може да ви послужат како одличен појадок или вечера.

Одлични се, брзи и едноставни, а што е најважно, извонредно вкусни. Вкусни се и можете да ги послужите за појадок или вечера. Ова тесто е фино и одлично, дури и кога ќе се оладат остануваат подеднакво вкусни.

Пригответете го тестото, оставете го да порасне, па од него вадете и пржете си онолку мекици колку што ќе ви излезат, во зависност од големината на кои ги вадите. Тестото е одлично, воопшто не впива масло. Еве што ви е потребно:

рецепт 1

РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

600 г брашно – 4 чаши,
400 мл вода,
1 лажица мед,
1 лажичка сол,
1 лажица масло,
1 лажица сув квасец
и масло за пржење.

рецепт 2

РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 лажичка сув квасец
400 мл млака вода
550 г брашно
1/2 лажица сол

рецепт 3

РЕЦЕПТ 3 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 чаши млака вода
4 чаши брашно
1 квасец
2 лажички шеќер
1 лажичка сол
масло за пржење

ПОСТАПКА за рецепт 1:

МЕКИЦИ – ТЕГАНИЦИ ОД БРАШНО И ТОПЛА ВОДА: Не впиваат масло, се прават без јајца и млеко

Видеото за рецепт 1 можете да го погледнете ОВДЕ:

ПОСТАПКА за рецепт 2: Замесете меко тесто и оставете го да ферментира 2 часа. Потоа премесете го на набрашнета површина и обликувајте 10 топчиња.

Секое со дланките сплескајте го како палачинка. После 10 минути одмор пржете ги во умерено загреано масло. Видеото можете да го погледнете ОВДЕ.

Постапката за рецепт 3 погледнете ја во видеото ОВДЕ: