Пита-чизкејк по брза постапка…Многу вкусен брз појадок или вечера…
Чизкејк печен во рерна по рецепт на Асја Чакарова. Ви благодариме Аси, прекрасен деликатес… Денеска ви го откривам нејзиниот рецепт по брза постапка – чизкејк печен во рерна. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
3 јајца,
4 лажици брашно,
1 чајна чаша млеко,
1 лажичка прашок за печиво,
40 г растопен путер или масло
400 г рендан кашкавал
ПОСТАПКА:
Растворете го брашното со прашокот за печиво во малку млеко, да нема грутчиња. Потоа додајте го остатокот од млекото и јајцата и на крај кашкавалот. Сѐ соединете во каша, малку погуста од тестото за палачинки.
Калапот со средна големина намастете го и загрејте го, па сипете го тестото внатре, одозгора распоредете го путерот и печете на 180 степени додека да зарумени. Од Димитра Мерџанова