Колач од соништата…Сочни чоколадни рум коцки по кој сите посегнуваат за уште едно парче плус…
Освојува и со вкус и мирис…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
4 јајца (белки и жолчки)
200 г шеќер
100 г брашно
1 лажица какао во прав
1 прашок за печиво
150 г мелени ореви
80 г свинска маст (или путер)
100 мл млеко
За прелив:
190 г шеќер
190 мл вода
100 мл рум
Глазура:
100 г темно чоколадо
70 г шеќер
70 г маргарин / путер
1 јајце
ПОСТАПКА:
Пенасто изматете ги жолчките со шеќерот додека да добиете кремаста смесат. Додајте ја маста и измиксајте.
Потоа додајте ги сувите состојки (брашно со прашок за печиво, ореви и какао) како и млекото.
Посебно изматете ги белките со цврст снег, па соединете го со претходната смеса, но без миксер. Мешајте полека за да се сочува пенливоста.
Излејте во намастен и набрашнет калап со средна големина. Испечете го колачот во загреана рерна на 170 степени додека да зарумени и чепкалката за заби да излезе сува.
За преливот растворете го шеќерот во водата на оган, а кога ќе го исклучите огнот додајте го румот. Со оваа смеса прелијте го печениот врел бисквит.
За глазура: сите состојки сварете ги на пареа 10-тина минути, оставете да се олади, па прелијте врз колачот. Постапката погледнете ја во видеото ОВДЕ: