Затворена пица, полнета со сирење и кашкавал…Многу брзо, лесно и вкусно. Најлесниот рецепт што некогаш сум го направила…Децата беа воодушевени!
Може да се прави како пица, пита или како леб… Не знам зошто ова не го продаваат во пекарниците, премногу е добро, а толку лесно се приготвува.
Доколку ви се најават гости, или потребно ви е некое вкусно предјадење, оваа лесна пита е вистинскиот избор.
Во рецептот се користи фил од чедар кашкавал и фета сирење, но вие по желба може да додадете и спанаќ, блитва, рендан морков, рендана шунка или нешто слично.
Овојпат рецептот го презентира Халиме од Турција, мајка на три деца, која е воодушевена од резултатот. Видеото можете да го погледнете подолу во текстот, а еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за тесто):
100 мл топла вода,
100 мл топло млеко,
1 лажичка сув квасец (5 г),
1 полна лажица шеќер (20 г),
3 лажици масло,
1 јајце на собна температура,
1 лажичка сол (8 г),
360 г брашно.
ЗА ФИЛ:
300 г чедар кашкавал,
200 г фета сирење.
ЗА ПРЕМАЧКУВАЊЕ:
1 жолчка + 1 лажичка масло, малку рендан кашкавал (една рака)
ПОСТАПКА:
МНОГУ ЕДНОСТАВНО И БРЗО: Најлесниот рецепт што некогаш сум го направила…Децата беа воодушевени!
Видеото погледнете го ОВДЕ: