Во сабота е МИТРОВДЕНСКА ЗАДУШНИЦА, позната и како есенска…Ова се обичаите…
Никогаш не умираат оние кои живеат во срцата на саканите. Да се помолиме за нашите сакани кои заминаа о нема да се вратат… За оние кои ни значеле и сè уште ни значат… Да ги спомнеме…
-од Годишни обичаи кај Македонците, Даворин Трпески
Повеќепати во годината имаме задушници:
-Зимска задушница
-Петровденска задушница
-Митровденска задушница
Верувања:
-Меѓу народот постоело верување дека за задушниците Бог сите мртви ги враќа на земјата, а тие, пак, барале да јадат. Пред секој мртовец имало софра и на неа тоа што го донеле живите за него.
Мртвите, пак, за кои никој не се сеќавал, тажно гледале во другите полни софри, од кои не можеле да добијат ниту залак.
Забрани:
-Bo пределот Бојмија за време на задушниците не смеело да се чистат куќите, затоа што се верувало дека на умрените ќе им се запраши софрата. He шиеле затоа што ќе им се сошиела устата, па не ќе можеле ништо да пробаат од јадењето.
Текстот продолжете да го читате ОВДЕ. Повеќе за обичаите кај нашиот народ поврзани со задушницата, прочитајте ОВДЕ:
Митровденска задушница – Да се помолиме за мир и спокој на нашите блиски кои не се помеѓу нас