ЈАФА ТОПЧИЊА кои се прават за 20 минути…БРЗ ДЕСЕРТ со мелени бисквити, чоколадо и сок од портокал…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
300 г мелена плазма (мелени бисквити)
1 кесичка ванилин шеќер
100 г чоколадо за готвење, растопено
100 г путер, растопен
рендана кора од 1 портокал
2 лажици џем од кајсии
150 мл цеден сок од портокал
За декорација:
мелени бисквити
рендана кора од портокал
ПОСТАПКА:
Сите состојки соединете ги во еден поголем сад, а потоа смесата складирајте ја во фрижидер колку малку да се стегне за полесно да се обликуваат топчињата.
Потоа од смесата црпете со лажица и обликувајте топчиња. Валајте ги мелени бисквити во кои сте помешале ситно рендана кора од портокал. Постапката погледнете ја ОВДЕ.