Дали некогаш сте почувствувале болка во зглобовите? Ако да, тогаш знаете колку таа болка е непријатна и речиси е неизбежна за повеќето луѓе.
Проблеми со колената, рамењата, лактовите, колковите и други помали зглобови можат да ги очекуваат речиси сите луѓе кои имаат седентарен живот, односно работата им е канцелариска, пред компјутер.
Овие проблеми полека започнуваат да се манифестираат после 45. година. Но што ако болката се појави во 25. или 30. година? Дали тогаш тоа е навистина проблем кој доаѓа со годините?
Секако, болката во зглобови може да биде причинета и од други причини, кои не се поврзани со годините и седењето пред компјутер. Тука се повредите, разни трауми, фрактури, преоптеретување, повторувачки движења заради природата на работата, артритис и ревматизам.
Меѓутоа, постои рецепт од руската народна медицина кој се состои од многу едноставни состојки а помага веднаш по првото нанесување.
Потребни состојки:
1 лажица сенф
1 лажица лут сенф
1 лажица ситна сол
1 лажица вода
Постапка:
Измешајте ги сите состојки додека смесата да се соедини. Складирајте во мало празно кутивче од крем или во некој друг соодветен сад.
Примена:
При чувство на непријатна болка нанесете од овој „крем“ на болната точка. Прекријте со пластична кеса или фолија и врзете со марама или шал за да се загрее местото. Најдобро би било шалот да е волнен.
Вака оставете да делува 1,5-2 часа. Постапката повторете ја пред спиење, така што зглобовите ќе „одмораат“ после третманот, а наутро измијте го „кремот“.
Повторете ја постапката 4-5 дена по ред. Резултатите ќе ги почувствувате веднаш. Самата смеса треба да се чува во фрижидер, но не подолго од 5-6 дена.