БРЗА РОЗЕН ТОРТА БЕЗ ПЕЧЕЊЕ…Секое парче се топи во уста..Може да биде и посна…Позната е како „Унгарка“, а вашите гости ќе бидат воодушевени. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 пакување кора од роза

За крем:
1 литар млеко (за посна верзија оризово или бадемово)
3 чоколадни пудинзи
200 г шеќер
1 лажица арома по желба
200 г маргарин или путер
100 г чоколадо за готвење

За глазура:
100 г чоколадо за готвење
3 лажици масло
2 лажици млеко

ПОСТАПКА:

Во тенџере сипете 800 мл млеко, додајте шеќер и ставете на оган да зоврие. Во 200 мл млеко растворете го пудингот, додајте арома по желба и сипете во топлото млеко. Мешајте додека згусне, па тргнете настрана.

Веднаш додајте ги маргаринот и чоколадото и мешајте додека да се растопат, па со миксер изматете 2 минути за кремот да добие помазна конзистенција.

Филувајте ги розен корите додека кремот е топол. Редете кора – фил, додека да се потроши материјалот. Врз последната кора ставете некое оптеретување и оставете 2 часа да се олади.

На тивок оган растопете го чоколадото со масло и млеко и прелијте преку розен тортата. Оставете да се олади 1-2 часа, па сечете. Постапката погледнете ја ОВДЕ.