Рецепт за домашен еурокрем кој се прави за 10 минути…Еве што ви е потребно за овој вкусен домашен намаз:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

200 мл млеко
100 г шеќер во прав
1 лажица есенција од ванила или 2 кесички ванилин шеќер
200 г путер
250 г млеко во прав
100 г бело чоколадо
100 г црно чоколадо

ПОСТАПКА:

1.Во тенџере помешајте млеко, шеќер и путер, па растопете на ниска температура. Сипете ванила и млеко во прав, па промешајте со жица за да добиете мазна кремаста смеса. Веднаш поделете ја два дела.

2.Во едната сипете бело чоколадо искршено на коцки, а во другата црно. Промешајте да се растопат и соединат. Додека се течни истовремено сипете ги во тегла. Оставете да се олади и стегне. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/xj66vmOmW3s?si=XL3WY7l4plEc3vjY