Колач со јаболка кој се топи во уста…Само помешајте ги состојките…Наједноставниот рецепт…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл):

2 јајца
1/2 чаша шеќер
1/2чаша масло
1 чаша течен јогурт
1 чаша гриз
1 чаша мелени ореви
2 лажици брашно
1 прашок за печиво 12 г
3-4 јаболка
1 ванилин шеќер
2 лажици мармалад + мелени ореви за одозгора

ПОСТАПКА:

1.Јаболката излупете ги, изрендајте ги и посипете ги со ванилин шеќер. Промешајте ги и оставете ги настрана да омекнат, додека ги приготвувате останатите состојки.

2.Во подлабок сад со жица изматете ги јајцата со шеќерот, па додајте масло и јогурт. Откако ќе ги промешате додајте мелени ореви, гриз, брашно и прашок за печиво, па соединете во мазна смеса без грутчиња.

3.Во смесата додајте ги јаболката и промешајте со лажица или шпатула. Смесата сипете ја на во намастен и набрашнет огноотпорен сад 31х21 см (или помал), распоредете и оставете да отстои 10 минути.

4.За тоа време вклучете ја рерната да се загрева на 180 степени. Колачот печете го 30 минути, па откако ќе се посизлади неколку минути одозгора премачкјате го со мармалад и посипете го со ореви.

Постапката погледнете ја ОВДЕ.