Сестра ми ми го откри овој рецепт…Евтино, природно и еколошко средство за чистење на бањата…СЀ СВЕТНУВА ЗА МИНУТА…
Чистењето на бањата отсекогаш ми било напорно. Имаме многу тврда вода и буквално после секоја употреба морав да тријам и да исчистам сѐ. Користев многу силни средства за чистење после кои имав главоболки од испарувањата…
Многу сум и благодарна на сестра ми за овој рецепт. Заштедува време, пари и енергија – бањата свети и нема мирис на хемикалии, што повеќе да посака човек?
Се надевам дека и јас некому ќе помогнам, особено на оние што се соочуваат со ваков проблем…
Се користи за целата бања – го користам за чистење плочки, чешми, кади, мијалници, огледала, тушеви и тоалети – сè!
Потребни состојки за чудотворниот чистач:
500 мл топла вода
150 мл бел оцет 9%
50 мл обичен течен детергент за миење садови
5 супени лажици лимонска киселина
по избор 2-5 капки есенцијално масло (ако сакате да го покриете мирисот на оцет, но ќе исчезне по некое време, не е потребно)
Ефикасен трик за одзатнување на мијалникот со најобичен црн пипер во прав…
ПОСТАПКА:
1.Во топла вода растворете ја лимонската киселина.
2.Додајте детергент, оцет и нежно измешајте.
3.Ако сакате, можете да додадете малку есенцијално масло за да има убав мирис (јас не).
4.Смесата истурете ја во празно шише со распрскувач. Секогаш ја имам оваа зелена боја.
5.Нежно протресете пред употреба и нанесете на површината што треба да се исчисти.
6.Оставете да делува 10 минути и само избришете со микрофибер крпа – користете сунѓер за многу таложениот бигор или оставете ја течноста подолго.
Напомена: како и сите други средства, така и ова, средството за чистење треба прво да го пробате на незабележливо место.