Гриз колач кој се мати и пече…Врв од рецепт, без брашно…Малку ореви и суво грозје, се топи во уста…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

4 јајца
100 г шеќер
100 ф мелени ореви
100 г гриз
100 мл јогурт
1 прашок за печиво
кора од лимон, малку цимет
50 мл масло
50 г суво грозје
2 праски или овошје по желба

ПОСТАПКА:

1.Рерната загрејте ја на 220 степени, а после намалете на 200. Пенасто изматете ги белките со постепено додавање на шеќерот.

Во цврстиот снег додајте гриз, па прашок за печиво и жолчките само изматени со виљушка.

2.Додајте суво грозје (исцедено), ситно рендана кора од лимон, 2-3 праски или кајсии исечкани на коцки, јогурт и масло. Мешајте со шпатула, смесата треба да остане пенаста.

3.Изедначете сè и сипете во намастен плех со средна големина и печете 50 минути во загреана рерна на 200 степени. Кога ќе се олади посипете го со шеќер во прав и можете да го сечете…Постапката погледнете ја ОВДЕ.