Сите ми го побараа рецептот…Овој ролат од тиквички и шунка секого освојува со својот неодолив вкус…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

3 тиквички
5 јајца
5 лажици рендан пармезан
сол по вкус
1/2 китка магдонос, ситно сечкана
250 г крем сирење
200 г шунка

ПОСТАПКА:

1.Изрендајте ги тиквичките, посолете ги и оставете ги 10-тина минути на цедалка да го отпуштат сокот. Во подлабок сад помешајте ги јајцата со пармезанот и магдоносот, па додајте ги исцедените тиквички.

2.Смесата распоредете ја во плех 30х40 см обложен со хартија и малку намастена. Печете 25 минути во загреана рерна на 200 степени. Оставете да се олади 15 минути.

3.Оладената кора превртете ја врз парче страч-проѕирна (најлон фолија), па отстранете ја хартијата врз која се печеше.

4.Одозгора премачкјате со крем сирење и наредете шунка. Свиткајте ролат, спакувајте го добро со фолијата, па оставете да се стегне 2 часа во фрижидер.

Потоа сечете на парчиња и послужете. Постапката погледнете ја ОВДЕ.