САМО БРАШНО И ТОПЛА ВОДА…Без јајца и без млеко, многу вкусен појадок или вечера…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
500 г брашно (4 чаши)
350 мл топла вода
1 лажица шеќер
1 лажица сол
1 лажица масло
1 лажица сув квасец
ПОСТАПКА:
1. Во топлата вода растворете ги квасецот, шеќерот и маслото, па започнете постепено да го додавате брашното помешано со солта. Мешајте со лажица, а кога ќе стане компактно, тестото замесете го со малку намастена рака.
Тоа е доста меко и малку лепливо, но такво треба да биде, за да бидат мекиците меки и полни со меури. Покријте го и оставете го да ферментира 15 минути.
2.После 15 минути раката малку натопете ја во вода и премесете го тестото, одозгора премачкјате го со масло, па повторно оставете го да одмора покриено уште 30 минути.
3.На ист начин (со намастени или влажни раце) премесете го тестото и со нежно истиснување, вадете од него топчиња. Покријте ги и оставете ги да одморат 5 минути, додека се загрева маслото.
4.ПРЖЕЊЕ: Секоја мекица се пржи во 2 тави. Прво се става во тава со помалку масло, а потоа се премесува во тава со подлабоко масло.
Пред спуштањето на секоја мекица со прстот се прави дупка во средината. Постапката погледнете ја ОВДЕ.
https://www.youtube.com/watch?v=c7rnOpk8yNw