ПРЖЕНИ МЕКИЦИ КАКО ДУША МЕКИ…За појадок или вечера…Најдобриот рецепт, запишете си го…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (Се мери со чаша од 200 мл):

6.5 чаши брашно
3 чаши топла вода
1 лажица сол
1 лажичка шеќер
1 кесичка инстант квасец

ПОСТАПКА:

1.Во топлата вода растворете ги квасецот и шеќерот, па започнете постепено да ги додавате брашното и солта. Последната чаша брашно додајте ја полека и продолжете со месење уште 4-5 минути.

Тестото е доста меко и лепливо, но откако ќе се измеси е еластично и се растегнува, Поклопете го и оставете го на топло да ферментира еден час за да го удвои волуменот.

Брашно, газирана вода и мајонез…Подобри и повкусни мекици од овие нема…

2.Стасаното тесто истресете го на набрашнета површина (бидејќи е лепливо најдобро е да користите кујнска шпатула или набрашнете ги рацете). Поделете го на 13-14 дела (или колку сакате) и нежно обликувајте топчиња.

3.Оставете ги на набрапнета површина, посипете ги со брашно, покријте ги и оставете ги да одморат 15 минути. Потоа земете едно топче и со прстите развлечете го во кора со големина на средна чинија.

Не треба да користите оклагија, туку само вашите прсти, за да се сочува воздухот и меурите внатре во самото тесто.

4.Пржете ги во умерено загреано масло додека да заруменат од двете страни. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://www.youtube.com/watch?v=QQZ9oM_Ii3g