Секогаш баран ручек…ГУЛАШ…вкусно јадење за секој период од годината…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 кг јунешки бут
1 кг кромид
2 моркови
150 мл доматен сос
2 чешниња лук
2 лажички црвен пипер во прав
сол, црн пипер, зачин, ловоров лист
200 мл вода

ПОСТАПКА:

1.Издинстајте го ситно сечканиот кромид на малку масло, 10 минути, посолете, додајте го ситно сечканиот морков и продолжете со готвењеуште 5 минути. Додајте го месото исечкано на коцки. Промешајте и зачинете, па намалете ја температурата.

2.Кога месото ќе го испушти сокот, поклопете и динстајте на умерена температура со повремено промешување. Додајте рендан лук и ловоров лист.

3.Повремено промешувајте и проверувајте дали имате течност на дното. После приближно 2 часа додајте црвен пипер и доматен сос. Промешајте и почекајте да зоврие, па додајте една чаша вода.

4.Динстајте уште приближно половина час и зачинете по вкус. Гответе до посакуваната густина (колку подолго, толку подобро). Месото треба да се распаѓа. Постапката погледнете ја ОВДЕ.