Сочувајте си го овој рецепт…Лесна и брза, подобра од сите досега…Салата со павлака, јајца и шунка…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

15 варени јајца, сечени на тркалца
500 г кисела павлака
500 г цврст јогурт
10 г сол, црн пипер
20 г магдонос
200 г + 50 г шунка
калап 15х25 см

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад измешајте ги павлаката и јогуртот, па зачинете по вкус. Смесата поделете ја на два дела. Во едниот дел помешајте ситно сечкан магдонос или копар, а во другиот дел, шунка исечкана на коцкички.

2.Наредете еден ред кругови од варени јајца. Распоредете ја смесата од павлака и магдонос, па наредете втор ред јајца.

3.Распоредете ја павлаката со шунката и на крај завршете со остатокот од варени јајца. Одозгора посипете една рака коцкички шункаи неколку листови магдонос за декорација.

Постапката погледнете ја ОВДЕ.