3 јаболка и 10 минути време се доволни за колач од кој мириса цела куќа…За овој неодолив десерт веќе ги имате сите потребни состојки…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за калап 20 см):

3 јаболка + 2-4 лажици шеќер
3 јајца на собна температура
75 г шеќер
8 г ванилин шеќер
150 г брашно
10 г прашок за печиво
100 г растопен путер

ПОСТАПКА:

1.Пенасто изматете ги јајцата со шеќерот и ванилата додека да згуснат како крем. Потоа додајте го брашното помешано со прашок за печиво. Изматете, па на крај додајте го растопениот путер.

2.Јаболката исечкајте ги на коцки и помешајте ги со шеќер по вкус. сипете ја приготвената смеса врз нив и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, 30-45 минути. Одозгора посипете шеќер во прав. Постапката погледнете ја ОВДЕ.