Тиквички полнети со сирење, потпечени во рерна…одлична летна комбинација за брз ручек…Состојките за филот по потреба можете да ги додавате или одземате…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

4 тиквички
200 г ситно сирење
100 г кашкавал
сол, црн и црвен пипер по вкус

ПОСТАПКА:

1.Тиквичките исечете ги по должина и со лажица извлечете го „месото“ од нив.

2.На тава загрејте малку масло, па пропржете го „месото“ од тиквичките. Зачинете и динстајте на умерена температура додека да заруменат.

3.Додајте го ситното сирење, промешајте и тргнете од оган. Тиквичките наредете ги во плех обложен со хартија за печење.

4.Наполнете ги со смесата и печете ги во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути. Потоа извадете ги, посипете ги со рендан кашкавал или прекријте ги со листови кашкавал, па вратете ги уште 5 минути. Рецепт на Александра.