Помалку познат рецепт со тиквички…Никогаш не сум јадела толку вкусно јадење…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
2 тиквички
сол, црн пипер
3 јајца
100 г лебни трошки
100 г рендан пармезан / тврд кашкавал
100 г брашно
босилек, црвен пипер
ПОСТАПКА:
1.Исечете ги тиквичките на ленти со дебелина приближно 5-6 мм, посолете ги и запиперете ги од двете страни рамномерно. Оставете ги 15 минути, па потоа со хартиена салветка избришете ги од вишокот сок.
2.Во посебен сад изматете 3 јајца со прстофат сол. Во друг сад сипете брашно, а во тре сад помешајте ги лебните трошки со пармезанот и зачините (босилек, црвен пипер).
3.ПОХУВАЊЕ: тиквичките најпрво валајте ги во брашно, па во јајца и на крај во сувата мешавина од лебни трошки.
4.Вака подготвени тиквичките наредете ги во плех обложен со хартија и печете ги во загреана рерна на 200 степени, 20 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.