ДЕНЕШНИОТ РУЧЕК ОД САМО НЕКОЛКУ СОСТОЈКИ…Компирите на овој начин никогаш не биле повкусни…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 големи јајца
200 мл кефир/јогурт
180 г брашно
7 г прашок за печиво
2 големи компири
1 страк праз
100 г сечкана шунка
100 г рендан кашкавал/моцарела
свеж копар по желба
сол и црн и црвен пипер, по вкус

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сам изматете ги јајцата со кефирот, па посолете и запиперете по вкус. Додајте брашно и прашок за печиво па промешајте за да се изедначи.

2.Компирите изрендајте ги прелијте ги со ладна вода, па истискајте ги низ раце и ставете ги во подлабок сад. Додајте го ситно сечканиот праз и шунка. Зачинете по вкус.

3.Во правоаголен плех со средна големина (обложен со хартија за печење) сипете ја смесата со јајца, а врз неа распоредете ја смесата со компирите.

4.Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, 30 минути. Извадете го плехот и одозгора посипете рендан кашкавал.

5.Допечете уште 10 минути за да се растопи кашкавалот. Посипете со ситно сечкани зелени билки и послужете. Постапката погледнете ја ОВДЕ.