Тенки лепчиња со младо кромитче…Без квасец и без рерна…Не можете да ги најдете во продавница…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (чаша од 200 мл):

300 мл млака вода (1.5 чаша)
1 лажичка сол
1 јајце на собна температура
550 г брашно (4.5 чаши)
40 г (3-4) зелени кромитчиња
50 г спанаќ
1/2 лажичка сол
1/2 лажичка црвен пипер
100 г путер

ПОСТАПКА:

1.Во млаката вода растворете ја солта и додајте го јајцето. Измешајте па постепено додајте го брашното и замесете тесто. месете го 6-7 минути, па покријте го и оставете го да одмори 15 минути.

2.Ситно исечкјате ги кромитчето и спанаќот, помешајте ги и зачинете ги.

3.Одмореното тесто поделете го на 8 топчиња. Покријте ги со крпа за да не се сушат.

4.Земете две топчиња и врз набрашнета површина развлечете ги со оклагија најтенко што можете.

5.Едната кора премачкјате ја со растопен путер и распоредете малку фил. Поклопете одозгора со втората кора и притиснете со дланките за да се залепи.

6.Премачкјате со путер и распоредете малку фил. Исечете ја на 6 ленти. Свиткајте ја првата лента во ролничка.

Поставете ја врз втората и продолжете со виткањето, така да на крај да добиете дебела ролничка (од сите 6 ленти).

7.Вакви ролатчиња ќе добиете вкупно 4. На набрашнета површина сплеснете го со дланката прво од едната страна, па свртете го и од другата страна.

Потоа развлекувањето продолжете го со оклагија. Секое развлечете го приближно 20 см во дијаметар.

8.Тавата или плотната намастете ја со путер и печете ги тенките лепчиња по 3 минути од секоја страна или додека да заруменат (на умерена температура). Премачкјате ја и горната страна со путер пред да го превртите. Постапката погледнете ја ОВДЕ.