Многу вкусна супа со лук, во италијански стил…Често ја јадеме, многу е здрава и лековита…може да биде и посна. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За леб:
350 мл млака вода
1 лажичка сол
1 лажичка шеќер
20 г свеж квасец
600 г брашно
1 лажичка ким/кумин

За супа (1. верзија, на австриски начин):
1 супена лажица путер
15 чешниња лук
1 литар булјон од зеленчук
4 компири
200 мл неутрална павлака (растителна за посна верзија)
сол, црн пипер, магдонос

За супа (2.верзија, на италијански начин):
2 компири со средна големина
1 главица кромид
1 голем страк праз
2 мали главици лук (120 г)
1500-1800 мл булјон (пилешки или зеленчуков)
1/2 лажичка мајчина душичка (сува билка)
120-150 мл неутрална павлака (растителна за посна верзија)
100-120 мл маслиново масло
1 китка свеж магдонос
5-6 парчиња леб за кубети (по желба)
сол и црн пипер по вкус

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сам помешајте ги сите потребни состојки за тестото, па постепен додавајте го брашното, солта и мелениот ким. Замесете меко тесто. Оставете го да ферментира додека да го зголеми волуменот.

2.Ситно исечкајте го лукот и издинстајте го на тивок оган, на растопен путер. Потоа додајте ја супата и ситно сечканите компири. Поклопете и гответе додека компирот да омекне.

3.Стасаното тесто истресете го на набрашнета површина и веднаш поделете го на два дела.

4.Без да го премесувате, нежно обликувајте топки. Покријте ги со крпа и оставете да одморат.

5.Супата изблендирајте ја и вратете ја на оган. Додајте ја павлаката, зачинете со сол и црн пипер по вкус и промешајте. Оставете да зоврие и веднаш тргнете ја од оган.

6.Стасаните лепчиња пренесете ги во плех обложен со хартија за печење и печете ги во претходно загреана рерна на 250 степени, 25 минути. оставете да се оладат.

7.Отсечете им го врвот и извадете им ја средината.

8.Послужете ја супата во издлабените лепчиња и одозгора посипете ситно сечкан магдонос. Постапката погледнете ја ОВДЕ. Ако ве интересира италијанската верзија на оваа супа:

ПОСТАПКА за верзија 2:

1.Во широка тава загрејте маслиново масло на умерена температура, па додајте ситно сечкан праз и кромид, зачинете со сува билка и динстајте неколку минути колку да омекне, но да не добие кафеава боја.

2.Додајте го ситно сечканиот лук и намалете го огнот на најниско. Динстајте 15 минути.

3.Додајте ги на коцки исечените компири и залијте со булјон. Зачинете со сол и црн пипер, промешајте и гответе 24-30 минути.

4.Потоа додајте ја павлака, промешајте и сето изблендирајте го за да добиете крем супа.

5.Исечкајте 5-6 парчиња леб на коцки и испржете ги масло/путер на тивок оган додека да станат крцкави (колку побавно ги готвите толку покрцкави ќе останат во супата).

6.Послужете ја супата во чинии и одозгора посипете кубети.