БЕЗ МИКСЕР, МНОГУ ЛЕСНО: Сочен колач со џем и ореви – посен, едноставен и вкусен…

Брз и сочен колач со џем и јореви. Брз е, погоден е за посни денови. Лесно се прави, не ви треба миксер. Евтин е, а се приготвува од состојки кои секој ги има в кујна…Еве то ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (мала чајна чаша или филџан од 100 мл):

6 чаши брашно
5 чаши минерална газирана вода
4 чаши шеќер
2 чаши масло
100 г мелени ореви
1 кесичка прашок за пециво
1 кесичка ванилин шеќер
1 рендана кора од лимон
2 лажици какао
џем и мелени ореви за посипување
калап: 28×28 см

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад помешајте го брашното со прашокот за печиво и додајте газирана вода, шеќер, масло, мелени ореви, ванила и реднана кора од лимон. Мешајте со лажица додека сетоа да се изедначи, да нема грутчиња.

2.Калапот намастете го и осипете го со брашно, па половината од смесата сипете ја и израмнете.

3.Печете 15 минути во претходно загреана рерна на 200 степени.

4.Во другата половина додајте какао и промешајте за да се изедначи.

5.Извадете го печениот бисквит од рерна и премачкјате го со џем (од сливи или по желба), а рерната не ја исклучувајте.

6.Одозгора сипете ја втората половина од тестото и рамномерно распоредете.

7.Вратете да се допече уште 15 минути.

8.Печениот колач одозгора посипете го со мелени ореви или шеќер во прав или чоколадна глазура, па послужете го. Постапката погледнете ја ОВДЕ.