Манастирска пита, посна, на вода…Феноменален вкус, сочен, полн фил, без капка масло…Рецепт и фотографии на Лидија Ѓуриќ. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
500 г тенки кори за пита
500 мл сос од домати
6 млади кромитчиња
800 г печурки
2 шолји ориз (мали шолји за кафе)
сол, црн пипер, куркума, босилек или зачини по желба
ПОСТАПКА:
1.Прво сварете го оризот, оставете го настрана. Вклучете ја рерната да се загрева на 200°C.
2.Кромидот исечкајте го на прстени (бел и зелен дел), исто така и печурките.
3.Истурете малку сок од домати во тавата, колку да го покрие дното, загрејте на средна температура, додајте го кромидот, динстајте неколку минути. Додајте печурки, поклопете, треба да омекнат и да испуштат вода.
4.Отстранете го капакот, динстајте, но внимавајте течноста да не испари целосно. Додајте ориз, сол, црн пипер, зачини по желба, уште малку сок од домати, измешајте, оставете на шпорет уште неколку минути, извадете и изладете.
5.Дното на плехот обложете го со хартија за печење (мојот е тркалезен, 30 см), ставете една кора, премачкајте ја со доматен сос, повторете и со втората кора, истото повторете го и со третата кора, но врз неа посипете фил.
6.И следната кора премачкајте ја со сос, посипете со фил и сѐ така додека да го потрошите материјалот.
На крајот се ставаат две кори премачкани со доматен сос.
7.Печете половина час, веднаш штом ќе ја извадите од рерна, премачкајте ја со доматен сос, изладете, исечете и послужете. / Рецепт и фотографии на Лидија Ѓуриќ