ПЧЕНКАРНА ПОГАЧА ЗА 15 МИНУТИ…Идеална и здрава алтернатива…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (чаша од 200 мл):

1 јајце
1 чаша млеко
3 лажици сончогледово масло
1 лажичка сол
1 чаша пченкарно брашно
1/2 чаша бело брашно
1 кесичка прашок за печиво

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад со кујнска жица изматете: јајце, млеко, масло и сол.

2.Потоа додајте пченкарно брашно, бело брашно и прашок за печиво и продолжете со матење додека да добиете мазна конзистентност.

3.Во нелеплива тава сипете 2-3 лажици масло и со четка премачкајте преку цела површина. Загрејте ја на умерена температура.

4.Подготвената смеса истурете ја во тавчето и печете на рингла, под капак, на најниска температура.

5.По 10-тина минути нанесете малку масло на горната површина и со помош на чинија превртете ја погачата наопаку.

6. Под капак продолжете со печење приближно 6-7 минути. Послужете со чаша јогурт, кисело млеко и парче сирење. Постапката погледнете ја ОВДЕ.