ПОСНА САЛАТА КОЈА МОЖЕ ДА ЗАМЕНИ ОБРОК…Полна чинија протеини, влакна и витамини…Вкусно и здраво…
Салатата од зелена леќа со прелив е одличен рецепт кој нуди здрава и вкусна алтернатива за сите кои постат или не јадат месо.
Зелената леќа е богата со протеини, влакна и витамини и додава одличен вкус на салатите. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (чаша од 200 мл, мала чајна чаша од 120 мл):
2 чаши зелена леќа
1 лажичка сол
4 чаши вода
Друг зеленчук:
4 млади зелени кромитчиња
1 китка копар или магдонос
2 зелени пиперки
2 домати
4 корнишони
3 печени пиперки
За сос:
1/2 чајна чаша таан (50-60 мл)
1/2 чајна чаша маслиново масло (50-60 мл)
2 супени лажици оцет
1/4 чајна чаша сок од лимон (20-30 мл)
2 лажички сол
3 чешниња мелен лук
1 лажица мед
1/2 чајна чаша вода (50-60 мл)
ПОСТАПКА:
1.Леќата измијте ја, па потопете ја во вода (еден прст над неа), исцедете сок од половина лимон и оставете да кисне 30-40 минути.
2.Потоа исцедете ја леќата и сипете ја во тенџере, додајте 1 лажичка сол и 4 чаши вода и зовријте на средна температура. По потреба отстранувајте ја пената што ќе се формира на неа.
3.Штом набубри и ја впие водата, тргнете ја настрана (претурете ја во чинија) и оставете да се олади.
4.Додека се лади леќата, измијте го и исчистете го другиот зеленчук, а потоа исечкајте го на коцки.
5.За сос: во подлабок сад добро измешајте ги сите наведени состојки додека да се изедначат.
6.Во изладената леќа додајте го исечканиот зеченчук, промешајте, а потоа сипете го преливот. Постапката погледнете ја ОВДЕ.