ДИЕТАЛНИ ЃЕВРЕЧИЊА…Без брашно, шеќер и квасец…10 минути подготовка и 20 минути печење…Многу вкусни и здрави…Можете да ги јадете секој ден. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
100 г рендан кашкавал
4 јајца
100 г цврст јогурт/ кисела павлака
1 прстофат сол
1/2 лажичка прашок за печиво
60 г кокосово брашно
2 лажички псилиум (индиски тегавец)
60 г бадемово брашно (мелени бадеми)
За премачкување:
жолчка+лажичка масло
сусам, ленено семе..
ПОСТАПКА:
1.Сите состојки измешајте ги во еден подлабок сад (прво влажните, а потоа и сувите). Добро изедначете, па тестото оставете го да одмори 10 минути.
2.Навлажнете ги рацете во ладна вода, па поделете го тестото на 4 дела.
3.Прво обликувајте топчиња, па сплескајте ги и на крај обликувајте го вид на ѓевречиња. По желба можете да правете и облици по ваша желба (врз плех обложен со хартија).
4.Ѓевречињата премачкјате ги со жолчка и посипете ги со сусам или семки по желба.
5.Ставете да се печат 20 минути во загреана рерна на 180 степени. Постапката погледнете ја ОВДЕ.