НАЈДОБАР РЕЦЕПТ ЗА КРЦКАВИ КОЛАЧИ СО ФИЛ ОД ЈАБОЛКА…Вкусни колачи за со кафе или чај…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (мала чајна чаша од 120 мл):

За фил:
5 јаболка
1 чајна чаша шеќер
1 лажичка цимет

За тестото:
250 г маргарин или путер
1/2 чајна чаша масло
1/2 чајна чаша шеќер во прав
1 јајце
2 кесички шлаг крем
1 кесички ванила
1 лажичка прашок за печиво
4,5 чаши (од 200 мл) брашно
За посипување: шеќер во прав

ПОСТАПКА:

1.Откако добро ќе ги измиете јаболката, излупете ги и изрендајте ги во тавчето со покрупната страна на рендето. Додајте 1 чајна чаша шеќер и гответе на силен оган со повремено мешање додека да го испуштат сокот.

Кога ќе испари течноста, додајте го циметот, промешајте и претурете во друг сад за побрзо да се олади. По желба филмот можете да го збогатите со малку сечкани ореви.

2.За тестото, во садот за месење ставете го омекнатиот путер на собна температура. Додајте масло, јајце, шеќер во прав и ванила и измешајте со шпатула.

3.Откако ќе ги измешате состојките, додајте го шлагот, прашокот за печиво и малку од брашното и со шпатула замесете тесто, а потоа малку по малку додавајте брашно.

Ќе добиете многу меко тесто кое не се лепи за рака и лесно се обликува.

4.Кинете парчиња тесто малку поголеми од ореви, обликувајте ги во топчиња и редете ги на плех обложен со хартија за печење.

Помала чаша набрашнете ја (јас користев мало шишенце за зачини) и притискајте врз секое правејќи вдлабнатина во средината.

5.Полнете ги вдлабнатините со фил од јаболка. Печете ги во загреана рерна на 180 степени, 10-15-тина минути, да останат светли.

Оставете да се оладат, па посипете ги со шеќер во прав. Постапката погледнете ја ОВДЕ.