Не почнувајте со готвење на ручекот додека не го видите овој рецепт…Вкусни ќофтиња…кога ќе ги гризнете се разлева сочниот фил од внатрешноста…Многу брзо, лесно и вкусно…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За фил:
– 1 топено сирење (зденка) 100-150 г или рендан кашкавал
– 50 г омекнат путер
– 1 рака ситно сечкан копар или магдонос
– малку димен црвен пипер во прав

За ќофтиња:
– 500 г мелено месо
– 1 јајце
– 1 главица кромид (ситно сечкана)
– 3 лажици лебни трошки (презла)
– 200 мл млеко
– 1 лажиче ѓумбир (по вкус)
– 1 лажичка морско оревче (по вкус)
– сол, црн пипер
– 2 чешниња лук (рендани)
– 2 лажици брашно – за валање на ќофтињата

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад испасирајте ги сите наведени состојки за филот, да добиете еднолична смеса која е цврста, но може и да се размачкува.

2.Во подлабок сад добро измешајте ги сите наведени состојки за ќофтињата додека да добиете еднолична, компактна смеса.

3.Црпете од смесата и правете плескавици, па полнете ги со едно лажиче од филот.

4.Добро затворете го филот за да не истекува при пржењето и обликувајте топчиња-ќофтиња.

5.Валајте ги во брашно да се обложат од сите страни.

6.Ќофтињата пржете ги во масло загреано на умерена температура додека да заруменат од сите страни, по неколку минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.