ПИТА БЕЗ КВАСЕЦ ВО МНОГУ СЛОЕВИ: На овој метод ме научи баба ми…Овојпат направив пита со компири, но филот можете да го менувате по вкус или според она што го имате в кујна…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 лажичка шеќер (10 г)
1 кесичка прашок за печиво (10 г)
1 чаша вода (200 мл)
1 чаша млеко (200 мл)
1 мала чаша јогурт/к.млеко (100 г)
1 мала чаша масло (100 мл)
6 чаши брашно (720 г)
1 лажичка сол (8 г)
За фил:
4 варени компири
2 главици кромид
1 китка магдонос
чили пипер, сол
За премачкување на тестото:
100 г путер
1 мала чаша масло (100 мл)
За премачкување одозгора:
1 жолчка од јајце
ПОСТАПКА:
Сите состојки за тестото сипете го во подлабок сад, а со постепено додавање на брашното замесете меко, нелепливо тесто. На набрашнета работна површина месете го 3-4 минути.
Направете 2 еднакви топчиња, ставете ги во набрашнет плех, покријте ги и оставете ги да одморат 10 минути.
За фил: испасирајте го варениот компир. Додајте ситно сечкан кромид, магдонос, сол и чили пипер и измешајте.
Одморените теста развлечете ги во форма на квадрат на набрашнета работна површина. Одозгора премачкајте со смесата од растопениот путер и маслото.
Се сече како на фотографијата и се распоредува филот само на осумте квадрати кои треба да се преклопуваат, а средишниот дел останува празен.
На новите слоеви при диплењето се нанесува маснотија, се покриваат парчињата едно врз друог и се добива квадратна форма.
Со рацете малку притиснете го за да се истенчи,па ставете го во тепсија (45 см) обложена со хартија за печење. Нанесете малку масло, и продолжете со постепено пртискање со рацете за да се рашири уште повеќе, според диманзиите на калапот.
На ист начин подгответе го и второто тесто и ставете го одозгора. Повторно развлечете го со рацете со нежно притискање. Одозгора со четка премачкјате ја целата пита со разматена жолчка.
Осечете ја по желба и ставете ја да се пече во загреана рерна на 180 степени додека да порумени. Постапката погледнете ја ОВДЕ.